Услови за користење

УСЛОВИ ЗА НАРАЧКИ

НАРАЧКА

Нарачката на делови се врши на нашиот телефонски број, на нашиот e-mail или online директно на нашиот chat.

ПОТВРДУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА

Откако е направена од Вас нарачката Вие ќе добиете e-mail и телефонски повик со информација за нарачаниот  производ.

ДОСТАВА НА ПРАТКАТА

Доставата се извршува со брза пошта до Вашата сакана адреса. Деловите ги доставуваме до Вашата врата.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

При добивањето на нарачаниот производ плаќате на самото место при подигање на истиот.

РОК НА ДОСТАВА

Доколку го има делот на залиха рокот за достава е 1 работен од денот на нарачката. Доколку го нема на залиха делот се испорачува за 10 работни дена од денот на нарачката.

ОБРАБОТКА НА НАРАЧКИТЕ

Нарачките, направени по 16.00 часот, се обработуваат следниот работен ден. Нарачките направени во сабота и недела се обработуваат во понеделник. Достави не се извршуват во недела и официјални празници.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКА

Секоја направена нарачка може да биде откажена од ваша страна во разумно време од нарачувањето.

ВРАЌАЊЕ ИЛИ ЗАМЕНА

Секој нарачан дел доколку не одговара може да биде заменет или вратен со рефундирање на полниот износ на сумата. Електронските делови можат да бидат заменети само пред вградување. Доколку се вградат не се враќаат или заменуваат.